За нашиот Патрон

Загина да си го спаси другарот. Драга Стојановска родена е 03-03 – 1923 година во село Горно Соње – Скопје. Драга Стојановска била партизанска болничарка која помагала и ги лечела своите борци. Во завршните операции за ослободувањето на Македонија, се водеа тешки борби и за ослободувањето на Скопје. Во борбите беа ангажирани големи воени единици. Зедоа учество две единици и тоа 42-та и 50-тата.
Во составот на овие девизии се наоѓаа Третата и Дванаесетта бригада. Овие две бригади водеа најтешки борби за конечното ослободување на најголемиот македонски град. Дванаесетта бригада, позната како Ско- пска зашто, речиси сите беа борци и раководители од Скопје, водеше тешки улични борби со до заби вооружени Германци и балисти. Во составот на Скопската бригада, во нејзиниот втор баталјон се бореше младата скопјанка Драгица Стојановска. Беше болничарка во баталјонот. Храбро се бореа и борците низ учиците на Скопје. Зграда по зграда освојуваа борците и околу пладне стигнаа наспроти зградата на бившото училиште ,,Гоце Делчев,, во близина на слаткарницата ,,Пчела,,. Во училиштето беа забарикадирани стотици Германци.

Борците заостанаа залегнати на студената калдрма, по која паѓаше ситен снег. Се договараа како и што понатаму. Не ги држеа срцата дол- го да чекаат. Сакаа да одат напред целосно да го ослободат својот роден сакан град. Но, како да одат напред кога Германците со своите митралези истураа роеви куршуми при секој најмал потег на партизаните. Решија еден од борците да го претрча ,,бриш- ниот,, простор, со намера, откако ќе се доближи до училиштето, со рачни бомби да го уништи германскиот митралез. За оваа задача се јави Бранко Зафировски. Тој се подготви и храбро се стрча кон школото. Трчаше брзо но кога дојде до средината на улицата, Германците отворија огин.Бранко беше ранет. Падна на калдрмата. Не можеше да се исправи, само се вртеше лево десно, така легнат на калдрмата. Беше јасно дека е ранет во нозете. Додека командата се договараше како да го извлечат својот другар, Драгица беше тука и ги слушаше идеите за да го спасат Бранко. Ништо не зборуваше. Таа скрои свој план за спасување, но не сакаше да го изнесе пред другите.

,, Во еден миг Драгица стана и се стрча кон ранетитот,, Леташе со својата синететска торбичка и со својот ,,валтер,, за да му помогне на својот ранет другар. Сакаа да викнат по неа да застане, да се врати. Но ништо не можеа да сторат. Нејзината желба беше посилна од се да му помогне на својот другар. Стигна до Бранко се наведна до него а германскиот митралез закркоре. Дождот од куршуми беше упатен кон Драгица, и за миг храбрата болничарка беше пресечена од митралескиот рафал. Падна како покосена зелена трева, на калдрмата. Драгица беше смртоносно погодена. Немаше време ни збор да прозбори! Тој кобен час се случил вечерта на 12 Ноември 1944 год. Драгица загина во цветот на својата младос, кога слободата беше на дофат. Нејзинот херојски пример вечно ќе се споменува како херојски подвиг. Храброст достојна за почит.

Развој и историјат

Основното училиште Драга Стојановска од Скопје е основано на 15.10.1945 година од МНОО на с. Ракотинци како осумгодишноучилиште „Кочо Рацин ― село Ракотинци. Со Решение бр.239 од 28.02.1977 година од Собранието на Општината Кисела Вода дадена е согласност на Одлуката за спојување на ОУМаршал Тито с.Нова Брезница кон ОУ Драга Стојановска ― с. Ракотинци во едно централно училиште со 14 подрачни училишта. Владата на Република Македонија со Одлука бр. 19 – 2326/1 од 22 јуни 2005 година ги пренесува основачките права и обврски над училиштето на Општина Сопиште и правото на сопственост на училишните објекти и училиштето продолжува да работи како општинско основно училиште.

Наставен кадар одделенска настава

Наставен кадар предметна настава

Директор на училиштето Јасмина Паметковска